Бизнис

Што покажа анкетата помеѓу германските инвеститори во земјава за забраната за работа во недела.

Делегацијата на германското стопанство спроведе анкета помеѓу германските инвеститори во земјата на која се однесува наизмените во Законот за работни односи, односно за забраната за работа во недела.

Анкета ја спроведе помеѓу германските инвеститори во земјата кои пред се работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица во земјата.Најголемиот дел од овие компании работат во три или четири смени, седум дена во неделата и поради сложените технолошки процеси, компаниите не го прекинуваат производството во текот на целата година.

На прашањето, доколку се изгласа новиот Предлог-закон дали ќе предизвика намалување на работни места, 47 проценти од компаниите одговориле дека ќе го намалат бројот на вработените за 10 проценти, 7 проценти ќе го намалат бројот на вработени за 20 проценти, додекапонатамошни7 отсто од анкетираните компании ќе го намалат бројот на вработени за 30 проценти.

Доколку се прекине производството во недела, 60 проценти од анкетираните компании ќе доцнат со испораката, а 40 проценти од нив поради доцнењето ќе плаќаатпенали.

На прашањето дали да се одложи овој предлог закон и дасе даде време на стопанството да се стабилизира по загубите од пандемијата, дури 36 отсто од компаниите се изјасниле дека 2 години би биледоволен период да се подготват на новиот начин на работење, додека 64 отсто сметаат дека период од 3 години им е потребен за стабилизација и долгорочно планирање.

На прашањето дали неработењето на производството во недела ќе предизвика застој наувозот, и со тоа ќе следатпоголеми царински и други трошоци за компаниите, дури 74 проценти од анкетиранитесе изјаснија дека оваа измена би предизвикала зголемени трошоци.

67 проценти од анкетираните компании сметаат дека одлуката за неработење во недела би ја зголемила корупцијата во стопанството.

Кај 94 проценти од анкетираните компании,Предлог-законот ќе донесе финансиски загуби, а 80 процентиод испитаниците сметаат дека ќе предизвика зголемување на сивата економија.

Како најголема конкуренција во однос на реализирање на понатамошни инвестиции, компаниите ги навеле земјите Србија, Мароко, Бугарија и Романија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано