Бизнис

Хрватски Римак ќе добие 200 милиони евра од ЕУ за развој на роботакси

Проектот за развој на автономно патничко возило (без возач) предводен од хрватскиот бизнисмен Мате Римац ќе добие грант од 200 милиони евра (237 милиони американски долари) од пакетот помош на Европската Унија од 6,3 милијарди евра за поддршка на планот за обновување на Република Хрватска од последиците предизвикани од пандемијата ковид-19. „Чест ни е што нашиот проект беше препознаен како стратешки проект предложен за пласман на средства во рамките на Националниот план за закрепнување и издржливост. Целта е производството на возила и голем број компоненти да бидат со седиште во Хрватска, кои потоа би се извезувале“, истакна Мате Римац, извршниот директор на „Римак автомобили“ (Rimac Automobili), како и на поврзаната компанија „Проект 3“ (Project 3) наменета токму за развојот на роботакси. Тие се веќе во преговори со дваесетина градови во Европа и Блискиот Исток, додека Загреб се очекува да биде првиот град што ќе ја понуди оваа услуга во 2024 година. Вкупниот износ на средства што ќе бидат инвестирани во преткомерцијалната фаза на проектот е 450 милиони евра.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано