Вести

Панасоник го продаде уделот во Тесла за над 3,5 милијарди долари

блиц свет

Јапонскиот произведувач на електронски уреди ПАНАСОНИК (Panasonic Corporation) го продаде својот удел во американскиот производител на електрични автомобили ТЕСЛА (Tesla) за 3,61 милијарда долари како одговор на настојувањето на раководството на јапонскиот концерн да ја намали својата зависност од ТЕСЛА и да создаде капацитет на средства за инвестиции. Американската компанија неодамна реши да го прошири кругот на снабдувачи со батерии, склучувајќи договори со јужнокорејскиот ЛГ (LG Energy Solution) и со кинескиот КАТЛ (Contemporary Amperex Technology Co. Limited). Во 2020 година, ПАНАСОНИК купи 1,4 милиони акции на ТЕСЛА по цена од 21,15 долари по акција, издвојувајќи за пакетот околу 30 милиони долари. На крајот од март минатата 2020 година пазарната вредност на овие акции изнесуваше 730 милиони американски долари. Економските аналитичари шпекулираат дека можна причина за продажбата е купувањето биткоини од страна на ТЕСЛА. Веста за големото купување биткоини од страна на ТЕСЛА беше објавена во февруари годинава, наведувајќи дека купувачите ќе може да ги плаќаат нарачаните автомобили со оваа криптовалута, одлука што подоцна беше повлечена. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано