Вести

Фолксваген најави преземање на Еуропкар

блиц свет

ФОЛКСВАГЕН (Volkswagen AG) ги најавија интенциите за стекнување мнозински удел во компанијата за изнајмување автомобили ЕУРОПКАР (Europcar Mobility Group) соодветно на сѐ поголемиот тренд во навиките на потрошувачите да изнајмуваат наместо да поседуваат возило. Компанијата соопшти дека ја разгледува потенцијална можност за преземање на ЕУРОПКАР заедно со инвеститорите „Атестор“ (Attestor Capital LLP) и „Пон холдингс“ (Pon Holdings BV) притоа потенцирајќи дека размислувањата се сѐ уште во рана фаза и не се донесени финални одлуки. Светските медиуми повикувајќи се на извори од компанијата го најавуваа ова преземање уште пред една година, но пандемијата дополнително ја намали вредноста на компаниите за изнајмување возила, што создаде поволни услови за нивно преземање. Инаку ЕУРОПКАР во 2006 година беше купен од францускиот финансиски инвеститор „Еуразео“ (Eurazeo) за 3,3 милијарди евра (3,94 милијарди долари), преземајќи ги притоа и долговите на компанијата. ЕУРОПКАР во исто време соопшти дека веќе одбиле една понудата за преземање, без да го наведе понудувачот, велејќи дека понудената цена од 0,44 евра по акција е прениска.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано