Бизнис

ЕЛ-ЏИ ќе инвестира 13 милијарди долари за производство на батерии во Јужна Кореја

блиц свет

„Ел-џи кем“ (LG Chem Ltd) и подружницата за производство на батерии која е во целосна нејзина сопственост „Ел-џи енерџи“ (LG Energy Solution) најавија дека планирааат заеднички да инвестираат над 13 милијарди долари (поточно 13,17 милијарди долари) во Јужна Кореја до крајот на оваа деценија. Низ целиот свет земјите се во постојан натпревар да ги зајакнат домашните потенцијали за снабдување со батерии за електрични возила бидејќи овој пазар експоненцијално се зголемува како израз на сѐ позасилената борба против климатските промени. Со оглед на ограничените ресурси за производство на батерии, овој сегмент се смета за тесно грло во синџирот на производство на електрични возила. „Ел-џи енерџи“ снабдува некои од најголемите производители на електрични возила како што се ТЕСЛА (Tesla, Inc.), ГЕНЕРАЛ МОТОРС (General Motors Company) и ФОЛКСВАГЕН (Volkswagen AG). Со годишни нарачки кои надминуваат 150 милијарди долари, компанијата преку планираните инвестиции ќе овозможи производство на батерии со капацитет од 260 гигават часови, доволни за да бидат опремени над 3,7 милиони електрични возила. 

ПРЕПОРАЧАНО