Актуелно

Економија и бизнис | број 277 | септември 2021г.

Во септемврискиот број ќе читате...


Мега интервју со Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на Макстил: Тоа што сме дел од најголемиот светски трговец на челик ни дава голема вредност, но и одговорност 

Со новата применета технологија вредностите се многу под сите гранични вредности на државава и на ЕУ, дотаму што воздухот што излегува од оџакот на филтерската станица е почист од околниот воздух.


Интервју со Герасим Кујунџиев, прв генерален директор на ЕУРОНИКЕЛ Индустри ДОО – Кавадарци: Инвестиции и примена на највисоки деловни стандарди се нашиот рецепт за успех

Во само три години Еуроникел се искачи на врвот на листите на најголеми компании, најуспешни, најголеми извозници, најпретпочитан работодавач….


Ѓорѓи Петрушев: Млекото и млечната индустија – акутни проблеми и стратешки развојни елементи

Потребно е да се дојде до реална и усогласена бројка за произведените и откупени количини на сурово млеко. Во моментов се чини дека бројот на различни вредности е еднаков на бројот на институции/субјекти кои даваат податоци. 


Кои се новите членови на Советот на Народна банка? 

Една од клучните работи во животот е да се сочува и постојано да се зголемува сопствената куповна моќ. Но, тоа не зависи само од тоа колку заработуваме, туку и од тоа дали парите што ги заработуваме ја одржуваат или губат сопствената вредност. Народна банка...


ФОНДАЦИЈАТА „ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ (ФЕС) ОДБЕЛЕЖА 25 ГОДИНИ ОД НЕЈЗИНОТО ПОСТОЕЊЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 

Само праведна економија може да биде успешна економија

НЕЕДНАКВОСТА КАКО ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ


Гордан Георгиев: Да не умре надежта пред да умреме 

Прекрасниот гостопримлив македонски народ кој две недели претходно толку здушно ги прими и ги нагости австриските фојервермани и словенечките гасилци, еднакво здушно застана во одбрана на своето наспроти „инфилтрираните“ Талибанци...


Горан Петревски: На дното – за „македонцките“  универзитети (прв дел)

Една работа е сопственоста, а сосема друга работа е автономијата која, независно од тоа дали некому му се допаѓа или не, е загарантирана со Уставот. Во тој контекст ќе повторам дека нашите универзитети ќе добијат автономија кога законот за високото образование ќе има најмногу 10 страници).


Драган Тилев: Црвените линии...

Наша обврска и како држава и како поединци е да помогнеме исто како што ние очекуваме и бараме помош кога нам ни е потребна.


Прилог за Општина Штип во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Д-р Сашко Николов, градоначалник на Општина Штип
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


Даниела Џабирски: Тргување со финансиски инструменти преку електронски платформи

Инвеститорите мора да бидат спремни на тоа дека можат да претрпат повеќе финансиски загуби, тргувањето не е хоби, туку бара посветеност, едукација, а често и цело работно време, редовно следење на достапни анализи од финансиските пазари итн.


Прилог за Општина Струмица во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


Ивор Мицковски: Кој добива, а кој губи од американското повлекување од Авганистан?

За Западот, па и за остатокот од светот, постои само едно нешто полошо од водството на Америка, а тоа е нејзиното комплетно отсуство.


Дејан Азески: Идиократско општествено уредување 

Просто неверојатно изгледа како некогаш книгите и филмските сценарија можат беспрекорно да ја предвидат иднината. Таков е случајот со еден нискобуџетен холивудски филм (Идиократија [Idiocracy]) кој пред речиси две децении ги има детектирано сите слабости и дегенерации со кои се соочуваме моментално во оваа пандемиска изолација.


Емануел Рембер: Моја драга мајко,

Го завршувам ова писмо. Треба да се пакувам, да ги затворам куферите и да поминам два часа пакувајќи предмети со хартија. Одам утре на вечера кај мојот пријател Методија за кој веќе сум ти говорел...


Лидија Георгиева: АМОК – НЕЗАВИСНО РАДИО, КОКТЕЛ-БАР И ПРОСТОР ЗА АКЦИЈА

Кога ќе се здружат два промотерски/диџеј колективи, со оригинална идеја и со љубов кон музиката, резултатот е неочекувано и пријатно изненадување наменето за опуштање и уживање. Основан од млади 25-/26-годишни ентузијасти, сосема дискретно, иако во центарот на Скопје, Амок е комбинација...


Сузана Камберова: ВРЕМЕ НА ГЛУВЦИ 

Денес како повторно да настапува нивното време. Време на глувци кои намирисале гнилеж, па исползиле од леглата. Не ги гледаме, иако веќе се меѓу нас. Во некои историски моменти  се чувствува како расте нивниот број. И кога се движиме во масата луѓе, понекогаш...


Ѓорѓи Јаневски: ВЕЧЕРА ВО АМЕРИКА  

Панкот не е мртов.


Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО