Финансии / Банкарство
НЛБ Банка прва на пазарот овозможува користење на електронски идентитет во соработка со Мастеркард (Mastercard)
НЛБ Банка е првата институција во земјава која од денеска во своето работење интегрира користење на електронски идентитет, овозможувајќи им на клиентите да започнат целосно ново, дигитално искуство при вршење на банкарски услуги. Ова во прaкса значи дека клиентите на НЛБ Банка можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да дојдат во експозитура и без користење на хартија. Електронскиот идентитет им овозможува на клиентите на банката да се идентификуваат и да потпишуваат е-документи со својот квалификуван е-потпис од кое било место во светот. „Ова е супериорно корисничко искуство кое ќе им овозможи на клиентите целосна флексибилност во извршување на банкарските услуги. Горди сме на фактот што сме прва институција воопшто која овозможи користење на националната шема за електронска идентитфикација при извршување на банкарските услуги со што потврдуваме дека сме лидер во дигитализацијата. Продолжуваме да бидеме пионери во имплементација на технолoшки напредни решенија во банкарството“, истакна Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка, Скопје. Електронската идентификација е услуга овозможена од Мастеркард (Mastercard), управувана од Евротраст (Evrotrust), водечки провајдер на решенија за дигитален идентитет во Југоисточна Европа.