Финансии / Банкарство

Бесими: Наредната година очекувам да биде подобра од 2021 година и економијата да се врати на нивото од пред кризата

Што очекувате од 2022 година?

Наредната година очекувам да биде подобра од 2021 година и економијата да се врати на нивото од пред кризата, односно се очекува во втората половина да го надминеме нивото од 2019 година. Сепак, и 2022 година ќе се придружи со предизвиците од ковид-19 кризата и особено енергетската криза и загреаната инфлација која се очекува да се стабилизира во втората половина од годината.
Наредната година планираме раст на бруто-домашниот производ од 4,6 % што е во рамките на Планот за забрзување на економскиот раст во наредните 5 години, кој главно се очекува да биде како резултат на зголемените бруто-инвестиции во економијата, извозот и домашната потрошувачка. Ќе следуваат новини во финансиските пазари, финансиски иновации, финтек, како и нови инструменти за финансирање на буџетот (развојни, проектни и зелени обврзници, како и обврзници индексирани со инфлацијата). Преку инвестирање во овие инструменти, граѓаните и дијаспората ќе имаат можност директно да придонесат за реализација на развојни проекти од јавен интерес, а со тоа и на економскиот развој на земјава.

ПРЕПОРАЧАНО