Финансии / Банкарство

Војновиќ: Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната трансформација

Што очекувате од 2022 година?

Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување

На крајот од минатата година, во ек на пандемија, не знаевме што точно можеме да очекуваме од следната година, но ги преземавме сите мерки да бидеме спремни за сите сценарија. Денес можеме да бидеме задоволни од нашите тогашни проценки и од постигнатите резултати. Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната трансформација, како и развојот на деловни модели и соработки кои ќе одговорат на различните потреби на нашите постоечки и потенцијални клиенти. Во исто време ќе се погрижиме да ја развиваме и нашата одржлива ориентација во средината во која дејствуваме. Ќе продолжиме да го поддржуваме позитивниот тренд и натаму да го развиваме пазарот и да го етаблираме осигурувањето како вистинска потреба. Така влегуваме во нова ера полна со добри желби, но и амбициозни цели, поткрепени со внимателно зацртани чекори за нивна реализација. Секако, со цврста верба дека сѐ ќе биде во ред.

ПРЕПОРАЧАНО