Финансии / Банкарство

Суџубаши: Во нашава земја и натаму постои силна доверба во банкарскиот сектор

Што очекувате од 2022 година?

Билал Суџубаши, генерален извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје

Здравствената криза која започна минатата година и продолжи оваа година, доведе до синхронизирана економска криза која истовремено ги погоди сите економии во светот. Ковид кризата, заедно со нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство и актуелната енергетска криза, неминовно водат до пораст на инфлацијата. Ваквата состојба до одреден степен се очекува и за следната 2022 година, што значи дека поголемата инфлација од вообичаено, ќе биде присутна и во наредната година во земјата, но, очекувањата се дека таа ќе биде пониска од годинава и дека економијата полека ќе закрепнува.
Во Халкбанк АД Скопје првите ефекти на ковид 19 кризата беа забележани во 2020 и 2021 година, кога на погодените бизниси се одговори со одложување на кредитните обврски на клиентите во два наврати. Во 2022 година очекувам дека негативните ефекти врз бизнис секторот, ќе бидат со опаѓачки интензитет.
Она што е важно, е дека работењето на банкарскиот секор, вклучително и на Халкбанк е стабилно и доброодржувачко. И покрај ковид кризата, нивото на НПЛ е стабилно, со благ растечки тренд во делот на население.
Во нашава земја и натаму постои силна доверба во банкарскиот сектор што се огледува во постојаниот раст на депозитите, дури и во време на кризи. Тоа го зебележавме особено во нашата банка, и тоа е факт кој навистине не радува.

ПРЕПОРАЧАНО