Општество

ПАТУВАЊЕТО КОН ЅВЕЗДИТЕ!

Фатмир Бесими

Од 50-тите години на 20 век, речиси во исто време додека се создаваше идејата за Европска унија, човештвото го почна своето „патување кон ѕвездите“ односно се направија првите напори за „освојување на вселената“. Оваа мисија ја следеа многу неуспешни обиди за лансирање на ракети и вселенски бродови надвор од орбитата на земјата, сè до 1969 година, кога човекот го направи својот прв чекор на Месечината. Требаше уште многу обиди до следниот успех, додека првиот робот успешно да стапи на тлото на планетата Марс, за конечно пред неколку недели да дојде со откритие на знаци на живот – тоа е уште еден успех – следно е наредниот чекор на човекот на новата планета. Толку неуспешни обиди до успех! Речиси вака изгледа и нашето патување кон ѕвездите на Европска унија. Нема откажување, одиме до крај!

Амбициозен почеток – „Успешно лансирање“
Република Македонија е прва земја од регионов што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001 година. Од земјите од Западен Балкан, што во моментов се во процес на интеграција кон ЕУ, Македонија е прва земја со статус кандидатка од 2005 година. Во 2009 година стапи визната либерализација за граѓаните на Македонија во ЕУ.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано