Вести

Стопанска банка АД-Скопје оплемени со цвеќе две урбани локации како осмомартовска честитка за жените

16.03.2022г.

Стопанска банка АД-Скопје го реализираше осмомартовското изненадување посветено на жените преку кое симболично им изрази благодарност за сѐ што прават и создаваат во текот на целата година. Банката во соработка со екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ засади големи цветни аранжмани во форма на бројот 8 на две урбани локации во Скопје со кои дополнително го уреди и освежи просторот.    

Во консултација со стручните градски служби, еден цветен аранжман е засаден во Рајскиот парк во Ново Лисиче, а другиот во паркот Македонија 2 во населбата Козле. Станува збор за петметарски цветни аранжмани, секој составен од 800 пролетни садници во различни бои кои го разубавуваат урбаниот градски пејзаж. Првично беше планирано цветните аранжмани да се засадат на 8 Март како честитка за Денот на жената, но поради лошите временски услови реализацијата на ова изненадување беше одложена.

Преку засадувањето на цветните аранжмани, Стопанска банка АД-Скопје сака на симболичен начин да ја изрази својата благодарност за посветеноста на жените во секој аспект од живењето и инспирацијата што им ја даваат на останатите, но и да им овозможи на сите граѓани да уживаат во убаво уреден јавен простор. Банката преку своите активности продолжува посветено да работи на унапредување на заедницата и развој на решенија кои овозможуваат поквалитетен живот за сите граѓани.  

ПРЕПОРАЧАНО