Финансии / Банкарство

Кои беа најтргуваните акции на Македонската берза минатата недела?

Кирко Бошкоски

авторот е економист | 21.03.2022г.

Неделен извештај за периодот 14.03.2022 - 18.03.2022г.


 Минатата недела, во периодот од 14.03.2022 до 18.03.2022 година на Македонската берза на хартии од вредност (на официјален + редовен пазар) беше остварен вкупен промет  од 72,1 милиони денари или околу 1,17 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 296 трансакции од кои 295 беа на официјалниот пазар и само една трансакција беше остварена на редовниот пазар.

Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 38,8 милиони денари или околу 631,4 илјади евра (53.8 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид со вкупен промет од 19,5 милиони денари или околу 318,1 илјади евра (27.1 % од вкупниот промет).  Потоа следуваа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 4,6 милиони денари или околу 74,7 илјади евра (6.37 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Прилепска Пиварница Прилеп со 1,98 милиони денари или околу 32,1 илјади евра и акциите на Макпетрол Скопје со промет од 1,78 милиони денари или 29,1 илјади евра.

Најголеми добитници изминатата недела се имателите на акции на Комерцијална банка АД Скопје и на Стопанска банка АД Скопје. Цената на нивните акции се зголеми за 8,94 % и 8,30 %, соодветно. Потоа следуваа акциите на НЛБ Банка АД Скопје, Либерти АД Скопје и Макпетрол Скопје со раст на цените од 6,51 %, 6,45% и 5%, соодветно.

Намалување на вредноста минатата недела имале само акциите на ТТК Банка АД Скопје од 2,12 %.

ПРЕПОРАЧАНО