Финансии / Банкарство

Цените на кои акции најмногу се зголемија и намалија на Македонската берза минатата недела?

Кирко Бошкоски

авторот е економист | 18.04.2022г.

Неделен извештај за периодот 11.04.2022 до 15.04.2022г.


Минатата недела, во периодот од 11.04.2022 – 15.04.2022 година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 196,9 милиони денари или околу 3,22 милиони евра. 43,9, % од овој промет беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид со 13,6 милиони денари или околу 221,9 илјади евра (6,9  % од вкупниот промет). Потоа следуваа  акциите на Макпетрол Скопје со 7,79 милиони денари или околу 126,7 илјади евра (3,9% од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 6,8 милиони денари или околу 111 илјади евра и акциите на ТТК Банка АД Скопје со промет од 4,81 милиони денари или 78,2 илјади евра.

Истовремено беа реализирани и неколку блок трансакции со кои се оствари промет од 200,3 милиони денари или околу 3,25 милиони евра.

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 492 трансакции со кои се истргуваа вкупно 1.000.980 акции и обврзници.

Најголеми губитници изминатата недела се имателите на акции на Макстил Скопје и НЛБ Банка АД Скопје. Цената на нивните акции се намали за 8 % и 7,93 %, соодветно. Потоа следуваа акциите на Комерцијална банка Скопје, Гранит Скопје, и Македонски Телеком Скопје со пад на цените од 6,01 %, 3,5 % и 3,31 %, соодветно.

Зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на Стопанска банка Скопје од 3,63 %, и на Алкалоид од 0,33 %.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано