Финансии / Банкарство

Цените на кои акции најмногу се зголемија и намалија на Македонската берза минатата недела?

Кирко Бошкоски

Неделен извештај за периодот 09.05.2022 до 13.05.2022г.


Минатата недела, во периодот од 09.05.2022 до 13.05.2022г.  на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 139,6 милиони денари или околу 2,27 милиони евра. 44,4 % од овој промет (околу 1 милион евра) беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Втори најтргувани акции беа акциите на Гранит Скопје со 36 милиони денари или околу 585,5 илјади евра (25,7 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Алкалоид Скопје со 15,4 милиони денари или околу 251,6 илјади евра (11% од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на НЛБ Банка АД Скопје со 7,7 милиони денари или околу 125,2 илјади евра и акциите на Макпетрол Скопје со промет од 5,5 милиони денари или 89,9 илјади евра.

Прометот на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен со 418 трансакции со кои се истргуваа вкупно 47 619 акции и обврзници.

Најголеми губитници изминатата недела се имателите на акции на Стопанска банка Скопје и НЛБ ОКТА Скопје. Цената на нивните акции се намали за 4,06 % и 2,67 %, соодветно. Потоа следуваа акциите на Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, и Алкалоид Скопје со пад на цените од 1,55 %, 1,27 % и 1,12 %, соодветно.

Зголемување на вредноста минатата недела имале акциите на Гранит Скопје од 3,50 %, Македонски Телеком Скопје од 1.11 %,и на ТТК Банка АД Скопје од 0,29 %

ПРЕПОРАЧАНО