Финансии / Банкарство

Цените на кои акции најмногу се зголемија и намалија на Македонската берза минатата недела?

Неделен извештај за периодот 23.05.2022 до 27.05.2022г.


Според вредноста на остварениот промет, минатата недела, во периодот од 23.05.2022 до 27.05.2022 година, на Македонската берза на хартии од вредност најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 48,8 милиони денари или околу 793,7 илјади евра (48.4 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид Скопје со вкупен промет од 25,8 милиони денари или околу 420,8 илјади евра (25,7 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на Гранит Скопје со 8,1 милиони денари или околу 131,7 илјади евра (8 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Стопанска банка Скопје со 4,3 милиони денари или околу 70,6 илјади евра и акциите на Пекабеско Скопје со промет од 4,2 милиони денари или околу 69,8 илјади евра.

 

Во истиот период беше остварен вкупен промет (на официјален + редовен) од 100,6 милиони денари или околу 1,63 милиони евра. Овој промет беше реализиран преку 331 трансакции од кои 319 беа на официјалниот пазар, а 12 трансакции беа остварени на редовниот пазар.

Минатата недела на официјалниот пазар беше реализирана и блок трансакција со која се истргуваа 1359 акции на Стопанска банка Битола во вкупен износ од 5,001,120 денари.

Најголеми добитници изминатата недела се имателите на акции на Стопанска банка Скопје, Пекабеско Скопје и Македонски Телеком Скопје. Цената на нивните акции се зголеми за 3,21 %, 3 % и 0.54 %, соодветно.

Најголемо намалување на вредноста минатата недела имале акциите на ТТК Банка АД Скопје од 3,57 %, Алкалоид Скопје од 3,45 и Комерцијална банка Скопје од 3,41 %.

 

Според количината на истргувани акции, најтргувани акции минатата недела на официјалниот пазар беа акциите на Гранит Скопје со 5 792 акции, Комерцијална банка Скопје со 4 157 и Стопанска банка Скопје со вкупно 3 043 истргувани акции.

ПРЕПОРАЧАНО