Финансии / Банкарство

Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица - без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни

03.06.2022г.

Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности.

Клиентите кои ќе одлучат да ја започнат својата станбена приказна со купување на нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ Кредитите - без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка (за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка).

Еден од главните приоритети на НЛБ Банка е корисничкото искуство и задоволство, па во таа насока Банката има широка понуда на кредитни продукти кои се лесно достапни и со поедноставени процедури. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а исплатата на кредитот е само со една посета на експозитура. На располагање е и мобилниот кредит во износ до 10.000 евра, кој е целосно автоматизиран и достапен во секое време, при што со само неколку клика во мобилното банкарство клиентите можат да дојдат до потребните финансиски средства. За корисниците на станбен кредит Банката има особено флексибилен однос со цел изнаоѓање на вистинското решение, како и широка понуда од повеќе градежни компании за кои се овозможени поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

Подетални информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

ПРЕПОРАЧАНО