Финансии / Банкарство

Кроација осигурување - Живот и НЛБ Банка во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување

03.06.2022г.

- Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување.

Настанот ќе започне во 11.00 часот со настап на поп пејачот Влатко Лозановски, кој ќе биде задолжен за забавниот дел, ќе има и детско катче, а ќе бидат присутни и маскотите на Кроациа и НЛБ - Коко, Тиби и Штуки. Стручни лица од компаниите ќе се погрижат да им ги обезбедат на присутните сите информации поврзани со правилното носење финаниски одлуки за подобар и посигурен живот.

На двочасовното едукативно и музичко случување, посетителите ќе имаат можност и за детално објаснување за предностите од поседувањето на производите - Индивидуално и ексклузив осигурување на живот, Коко детстко штедно осигурување и Ризико осигурување на живот поврзано со кредит.

ПРЕПОРАЧАНО