Финансии / Банкарство

Триглав Осигурување Живот во соработка со НЛБ Банка поблиску до клиентите, успешна промоција на Унит линк производот во експозитурите низ целата Држава.

06.06.2022г.

Денес успешно заврши караванот за финансиско советување за небанкарски производи кој се одржа во времетраење од 30 дена во месец Мај каде Триглав осигурување Живот  имаше можност да ги едуцира и насочува клиентите на НЛБ Банка како мудро да изберат на кој начин да ги инвестираат своите финансиски средства и како да добијат најголем принос на истите, а најсреќните клиенти кои успешно го решија интерактивниот квиз кој беше составен од неколку прашања поврзани со услугите на Триглав осигурување Живот и НЛБ Банка беа наградени со прекрасни промотивни подароци.

Стратешката соработка на НЛБ Банка со Триглав осигурување Живот нуди ексклузивна можност  клиентите да добијат  нов  и уникатен пристап при одлуката за инвестирање и распределба на финансиските  средства преку Унит линк производот кој претставува нов, инвентивен продукт и е единствен на пазарот кај нас.

Производот нуди опција за балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Остануваме и во иднина насочени кон подигнување на финансиската писменост на нашите граѓани кои може да добијат совет и дополнителна информација за Унит линк можноста за инвестирање од високо обучените банкарски службеници во секоја експозитура на НЛБ Банка низ целата Држава , а контакт центарот за грижа на корисници на Триглав осигурување Живот со бесплатниот телефонски број 0800 04444 е отворен за сите граѓани кои имаат потреба од консултација и било каков совет поврзан со  избор на производ, можност за инвестирање или распределба на финансиски средства.

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!

ПРЕПОРАЧАНО