Бизнис

ИЗБОРОТ Е ОДАМНА НАПРАВЕН – НАМЕСТО ШТЕДЕЊЕ И НАМАЛУВАЊЕ НА ДОЛГОТ СЕ ИЗБРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ

Павле Гацов

авторот е претседател на Собранието на Сојузот на сметководители на Република Македонија

Македонската економија во 2015 година – Кој пат да се избере?

Условите за работење во 2015 година се влошуваат. Бизнисмените, а со последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и хонорарците (граѓаните кои живеат од својата физичка и/или интелектуална работа) станаа свесни за влошувањето на економската состојба – својата и онаа на државата. Наскоро за ова ќе станат свесни и ситните претприемачи кои без регистрација и на црно вршеа услуги за кои не плаќаа јавни давачки – ќе ги освестат глобите од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.
За целите на овој текст, 2014 година ќе ја претставиме како граничник со кој е омеѓен крајот на македонската бајка за ниските даноци и големо буџетско трошење, зачинето со високи социјални издатоци на широка лепеза на корисници. Почеток на крајот на перпетуум мобиле економијата. Не треба големо познавање на економската теорија и прецизна економетрија за да се лоцира моментот кога треба да се направи пресврт во политиките.
Моментот за нас дојде. Пресвртот следува. Check please!
Кога ќе ви ја дадат сметката во кафеана, запишано е што сте изеле и испиле. Можете да ги проверите цифрите, па дури и да побарате нивна корекција ако се погрешни или се обиделе да „ве украдат“. Но, секако, сметката МОРА ДА ЈА ПЛАТИТЕ!

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

 

ПРЕПОРАЧАНО