Интервјуа

Јаневски: Стремеж на Галеника е да биде доверлив партнер за заедницата

Интервју со директорот на претставништвото на регионалниот фармацевтски гигант во Северна Македонија

Посветени на луѓето, верни на здравјето е дел од ликот на регионалниот фармацевтски гигант Галеника, по кој стана препознатлива и на пазарот во Македонија и освојува нови симпатии меѓу потрошувачите. Стремежот да ја разбере перспективата на современиот човек, неговите потреби, партнерскиот однос кон чинителите кои придонесуваат за унапредување на здравствена заштита, како и промовирање и унапредување на здравиот живот и превенцијата се само дел од темите за кои разговараме со директорот на претставништвото на Галеника во Северна Македонија Даниел Јаневски.

Галеника, која годинава го прославува 78 роденден е една од најстарите фармацевтски компании во регионот. Компанијата е дел од бразилската NC Групација, која исто така ја вклучува и EMS - најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка.

 

-          Галеника на македонскиот пазар има зад себе речиси осум децении искуство и традиционално оправдана доверба меѓу потрошувачите со врвниот квалитет на производите. Колку овие вредности Ве мотивираат или Ви ја олеснуваат работата на нашиот пазар?

Горд што потрошувачите согледуваат дека компанијата вложува во нови технологии, затоа што висококвалитетниот производ е резултат на следење на најновите трендови во индустријата заедно со децениското искуство кое дава дополнителна вредност, воведување на иновации во процесот на производство и трансфер на знаење за унапредување на процесите. Сепак не можам да кажам дека ова го олеснува нашиот ангажман. Напротив,  македонскиот пазар иако е мал, е исклучително конкурентен и ние мораме да обратиме внимание на темпото со кое пулсира пазарот, како и потрошувачот, како и севкупната заедница која придонесува за заштита на здравјето затоа што Галеника најважно е зачувување на здравјето и превенцијата.

Имаме богато и разновидно портфолио на производи кое кај нас секогаш одново се евалуира затоа што се стремиме постојано да понудиме повеќе и подобро. Стратешка соработка со ЕМС, значително ја зајакнува Галеника. Минатата година преку ова стратешко партнерство, Галеника успешно изврши трансфер на технологија на пет производи од најновата генерација на генерички лекови, а годинава веќе започна со имплементација на трансфер на технологија за дополнителни пет производи од поновата генерација генерички лекови. Ова се производи што може да ги очекуваме и на македонскиот пазар.

 

-          Превенцијата и унапредување на грижата за здравјето се силна мотивација за луѓето особено во последните години. Како Галеника делува во таа насока?

За Галеника заштитата на здравјето е приоритет. Како компанијата насочени сме да креираме дополнителна вредност како за нашите потрошувачи преку висококвалитетни производи, така и за стручната јавност, а при тоа делуваме согласно највисоките стандарди, внесуваме иновациите во фармацевтското работење, и особено внимание компанијата посветува на дигиталната трансформација на процесите. Со стручната јавност комуницираме преку учество или поддршка на стручни конференции, но и да ja информираме за некои новини на пазарот. Од неодамна на македонски јазик е достапенo и професионалното медицинско списание Galenika Medical Journal, научен магазин на Академијата за континуирана медицинска едукација за лекари и фармацевти, кој е спонзориран од Галеника. Ова списание обезбедува висококвалитетни стручни информации од различни области на здравствената заштита. Всушност, како и докторите, и фармацевтската индустрија ја има истата одговорност да ја унапредува и развива здравствената заштита на луѓето преку развој и производство  на лекови, но и преку соработка со сите чинители кои придонесуваат за здравствената заштита и ги гледаме како партнери чие мислење ни е важно. Кон крајот на минатата година обезбедивме истражување за користењето на лекови и додатоци во исхраната во Северна Македонија, кое ни даде вредни информации за подигање на свесноста кај луѓето за важноста на превенцијата. Поддржуваме и иницијативи кои го промовираат здравиот живот, природата, рекреативното спортување, а бевме поддршка и на потфатот на планинарот Златко Јаќоски кој во мај годинава се искачи на врвот на светот Монт Еверест.

 

-          Лидерскиот став на Галеника се отсликува во позиционирањето на компанијата во регионот, додека меѓународно освојува нови пазари. На што се должи растот?

Галеника е големо семејство чиј фокус е на луѓето, здравјето и одржливото работење. Независно во која држава работите како претставник на компанијата, целта е иста - да бидеме доверлив партнер за заедницата и за давателите на здравствени услуги, и се разбира да придонесеме за подобрување на грижата за здравјето. Компанијата при тоа ги мотивира своите вработени да постигнат подобри перформанси и обезбедува работна средина која поттикнува почит. Развојните стратегии се водени од податоци кои овозможуваат да се носат информирани одлуки, истовремено обезбедувајќи поддршка за целиот тим. Вредностите кои ги негуваме се искреност, почит, одговорност и храброст, а резултатот е раст на компанијата во регионов и ширење на нови пазари во земјите од ЕУ и МЕНА. Силен потстрек за растот на Галеника е и бразилската NC Групација. Откако компанијата е дел од Групацијата, го удвои обемот на продажба и извоз, го зголеми производството за 22%, го прошири портфолиото и регистрира дури 146 производи. Отвори свои претставништва во Унгарија, Словенија и Хрватска и извезува на 15 пазари во Европа, Блискиот Исток и Африка. Во наредниот период во Србија се планирани инвестиции во вредност од 35 милиони евра со фокус на понатамошен развој на технологијата, како и производствените и магацински капацитети, а сето во согласност со деловните планови. Сето ова би требало да ја зајакне позицијата и улогата на Галеника во регионот, но и на маѓународните пазари.

Од аспект на активности за одржливиот бизнис, компанијата започна голем број проекти кои влијаат на намалување на потрошувачката на природни ресурси и Галеника во 2022 година го намали отпадот за 44% во споредба со 2021 година, и ги намали емисиите на CO2 за 25%. Галеника е носител на сертификатот ISO 14001:2015, кој потврдува усогласеност со највисоките стандарди во областа на заштитата на животната средина.

 

-          Со оглед на разновидното портфолио генерики и додатоци во исхраната, што може да очекуваме ново на нашиот пазар?

Проширувањето на портфолиото со модерни, висококвалитетни производи. Лани на македонскиот пазар лансиравме 18 нови производи, а увозот го зголемивме за 20%. Со слична динамика продолжуваме и годинава. Некои од производите кои на нашиот пазар се достапни од лани, меѓу другото се и граничните производи за најмладите Vitup Baby D3, Vitup Baby D3 + K1, Vitup Baby D3 + DHA Omega, како и Олигогал Магнезиум, Олигогал Железо, Floniivin Boulardii, Flonivin Kids Immuno, Flonivin Forte, а направивме и релансирање и ребрендирање на ензимскиот препарат Дигестал. Особено успешно на пазарот се прифатени производите од линијата Пантенол и безвремениот Јекодерм, додека годинава нов производ е спрејот за нос Rinoff. Исто така во тренд со модерната антикоагулантна терапија лансиран е и лекот со генеричко име Rivaroxaban.  Она што дополнително не мотивира е развојната линија на нови современи производи во блиска иднина, со висок квалитет и достапни цени.

И се разбира поддршката за заедницата останува високо на нашата приоритетна листа преку активности и иницијативи кои влијаат на подигање на свеста за превенцијата и здравиот живот.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано