Вести

„Макпетрол“ АД во првата половина од 2023 година оствари добивка од 5 милиони евра

И покрај сите предизвици, во текот на првата половина на 2023 година, „Макпетрол“ АД оствари позитивни резултати кои ги надминаа планираните, иако приходите и добивката забележаа пад. Во текот на 2023 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 13,87 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 2,46 милијарди денари, односно остварен е пад од 15,06%. На квартално ниво, вкупните приходи во 2023 година се намалуваат, во најголем дел поради намалувањето на цените на нафтените деривати.

Во структурата на приходите, најголем удел со 99,05% имаат приходите од продажба, од кои 95,97% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 3,08% се остварени преку продажба на странски пазар.

Вкупните расходи остварени во 2023 година се во висина од 13,53 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 2,21 милијарди денари или за 14,05%.

Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на периодот, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 339 милиони денари која е помала за 42% од остварената добивка за шесте месеци минатата година кога изнесуваше 585 милиони денари.

Како резултат на конзистентната и напорна работа како од страна на вработените, така и од страна на Раководството, во првата половина од 2023 година остварена е добивка по оданочување од 311 милиони денари, која е за 42 милиони денари или 16% поголема од планираната.


Во продолжение целото Образложение на промените во финансискиот резултат на Макпетрол АД 01.01.-30.06.2023.pdf 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано