Финансии / Банкарство

Колку „вреди“ плата од 100 илјади долари во Њујорк, а колку во Ел Пасо...

21.02.2024г.

Платата од 100 илјади долари најмалку вреди во Њујорк, додека со истата висина на приходи најмногу може да се пазари во Тексас, Оклахома и Тенеси, покажува  Истражувањето на американската финансиска компанија Смартасет. 

За оваа плата најмалку производи можат да се купат на Менхетен, каде сто илјади долари имаат ефективна вредност од 30.914 долари, кога би се одземале сојузните, државните и локалните даноци и трошоците за живот. Разлика во реалната вредност на сто илјади долари има и во предградијата на Њујорк.

Оваа плата има највисока ефективна вредност во Ел Пасо во Тексас и таа изнесува 88.840 долари. Во овој град нема државни или локални даноци на доходот, а жителите на Тексас имаа 12 отсто пониски трошоци на живот во однос на просекот на САД.. Со 100 илјади долари најмногу може да се купува и во Оклахома Сити и во Мемфис во Тенеси..

Најмала вредност на овој износ има и во Хонолулу на Хаваите и во Сан Франциско во Калифорнија, пренесува „Еуроњуз“.


фото: freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО