Бизнис

Ограничување на трговските маржи до 15 отсто

22.02.2024

Трговските маржи во големопрадажбата и малопродажбата ќе бидат ограничени на пет до 15 отсто за дел од основните животни производи, храната и за средствата за одржување на хигиена. Ова се предвидува во измените на Одлуката за привремени мерки за ограничување на цените на производите, кои се од посебно значење за граѓаните. Одлуката е донесена од црногорското Министерство за економски развој. Не е познато кога ќе почне да се применуваат ограничувањата на трговската маржа, пренесува РТЦГ.
Според министерот за економски развој, Ника Дељошај, оваа одлука ќе се применува откако ќе се добијат новите податоци за движењето на цените во јануари, што ќе ги објави државниот завод за статистика Монстат.

- Врз основа на овие податоци ќе процениме како се однесуваат трговските субјекти. Верувам дека со ограничувањето на маржите ќе се намалат и цените на производите, а можеби и трговците сами ќе реагираат за намалување на цените. Се надевам дека нема да дојдеме до ова решение и да ги ограничуваме маржите, како крајна мерка, изјави Дељошај.

ПРЕПОРАЧАНО