Бизнис
Пристаништето во Трст добива сериозна конкуренција
23.02.2024г.
Со современата сообраќајна инфраструктура и големите вложувања во опрема за прифаќање на бродскиот контејнерски товар пристаништето во Риека станува пристаништен центар во Јадранското Море, а може да им го преземе и приматот на Трст и Копар, пишува „Вечерњи лист“.
Еден од големите државни проекти на Хрватска е Риека гетвеј, во чија реализација е вклучена и позната компанија за контејнерски транспорт, која планира да инвестира во пристаништето над 400 милиони евра.
- Сегашниот капацитет на пристаништето е 14 милиони тони. Новиот терминал ќе биде завршен во средината на следната година и ќе го зголеми прометот во првата година на 500 илјади контејнерски единици, што е за пет милиони тони нов товар. Сега овој товар се испорачува преку пристаништата на северниот брег на Јадранско Море, во Копар и Трст, вели Денис Вукорепа, директор на Управата на пристаништето во Риека.
фото: lukarijeka.hr