Економија

Невработеноста во еврозоната падна на историски минимум

Невработеноста во еврозоната се намали од декемвриските 6,5 на 6,4 отсто во јануари и сега е на историски најниско ниво. Во јануари во Европската Унија биле невработени 13,144 милиони луѓе, од кои 11,009 милиони биле во еврозоната, покажуваат податоците на Евростат.

Во Европската Унија стапката на невработеност во јануари изнесуваше шест отсто, што е исто како и во декември.Во споредба со декември, невработеноста е намалена за 7.000 во ЕУи за 34.000 во еврозоната.

Споредено со јануари 2023 година, невработеноста паднала за 10.000 во Европската Унија и за 232.000 во еврозоната на годишно ниво.

Невработеноста кај младите до 25 години во јануари изнесува 14,9 отсто во ЕУ и 14,5 отсто во еврозоната. Таа е на исто ниво како и во декември.

Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,6 отсто, Грција 10,4 отсто, Франција 7,5 отсто, Италија 7,2 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Малта 2,6 отсто, Полска 2,9 отсто, Чешка три отсто, Германија 3,1 отсто. 


 

фото freepic



 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано