Финансии / Банкарство

Во Црна Гора има 23 физички лица со депозит од над милион евра

Најбогатиот штедач во Црна Гора е нерезидент и орочил 26,5 милиони евра, соопштија од Централната банка на Црна Гора, на новинарското прашање за тоа кој е најголемиот депозит на крајот од 2023 година.

На крајот на минатата година 23 физички лица имале  орочен депозит во износ од над милион евра. Во текот на изминатата година имало реален раст на депозитите за околу шест отсто. Клучна улога за растот на црногорската економија, како и на депозитите, имаше успешната туристичка сезона, односно остварениот прилив од над 1,5 милијарди евра.

-        Во 2023 година остварен е прилив по основ на дознаки од странство во износ од 792 милиони евра. На растот на депозитите влијаело и дополнителното штедење на нерезидетните лица со подолг престој во Црна Гора. Минатата година бил остварен прилив на странски директни инвестиции од продажбата на недвижности во ЦГ во износ од 463 милиони евра, информираат од ЦБЦГ. 

Од Централната банка на ЦГ очекуваат позитивен реален раст и продолжување на трендот на растот на депозитите со умерен интензитет во наредниот период, пренесува порталот Банкар.ме.

ПРЕПОРАЧАНО