Финансии / Банкарство

Анализа и преглед на пазарот

ЗАПОМНЕТЕ – сликата можеби и ќе се промени – следете ги и гледајте ги графиконите!


 

ЕУР/УСД 

Последните податоци за Нонфарм пејролс (Nonfarm Payrolls) во САД беа подобри од очекувањата, што придонесе за зајакнување на доларот. Доларот во однос на еврото се тргува пониско и го проби облакот, што укажува на продолжување на надолниот тренд. Сè уште ни недостига конфирмација од лагинг линијата која поради начинот на нејзината конструкција заостанува и сигналот доаѓа подоцна, но со многу поголема точност за движење на цената. Тоа што може да очекуваме во наредните неколку недели е валутниот пар да ја тестира цената од 1,05.


 

Злато

Долгорочниот тренд на златото останува позитивен. На краток рок, во наредните неколку денови можеме да видиме притисок и пониски ценовни достигнувања. Но, сè додека златниот метал се тргува над $ 2 000, нашата позиција останува непроменета и очекуваме да пробие нагоре и да достигне до $ 2 500. 


 

Сурова нафта

Суровата нафта на временската рамка од 1 час го проби облакот нагоре. Пробив на цената над 79 долари ни дава конфирмација. Во наредните неколку денови може да очекуваме да продолжи нагоре и да ја достигне нашата цел до 81 долар. На дневниот графикон, цената моментално се наоѓа внатре во облакот. Доколку се придвижи над облакот, во наредните неколку недели може да очекуваме уште повисоки цени и повторно нагорен тренд. 


 

S&P берзански индекс

Берзанскиот индекс на акции S&P 500  e во позитивна територија и го достигна својот највисок ценовен врв. И покрај тоа што берзанскиот индекс се наоѓа над облакот, тоа што треба да забележиме е дека се појавува негативна дивергенција која укажува на пресврт на пазарот.  Дополнително, ширината на пазарот е нарушена, што значи дека и покрај пораст на цената на берзанскиот индекс , акциите не се во нагорен тренд. 

ПРЕПОРАЧАНО