Економија
Вработените во Германија добиваат бонус поради инфлацијата
15.03.2024г.
Од октомври 2022 година повеќе од три четвртини вработени во Германија или 77,9 отсто, примиле еднократен бонус поради инфлацијата или овој надомест на плата ќе го добијат до крајот на годината, соопшти Сојузниот завод за статистика. Исплатата на „инфлацискиот бонус“ е без данок и придонеси, а најмалиот просечен износ е 2.761 евро.
Најмала сума била исплатена во градежништвото и изнесува во просек 1.104 евра, додека вработените во земјоделството, шумарството и рибарството добиле 1.689 евра.
Најдобар додаток по основ на зголемени животни трошоци биле исплатени во јавната управа со просек од три илјади евра, а по нив се наставниците и универзитетските работници. Помали износи од три илјади добиле уметниците, вработените во областа на забавата и рекреацијата, водоснабдувањето и комуналните служби.
Германската влада одобри бонуси до 3.000 евра за да се намали влијанието од енергетската криза врз стандардот на германските граѓани. Во зависност од колективните договори бонусот може да се исплати наеднаш или на рати, објави ДПА.
фото freepic