Финансии / Банкарство

Лагард: Каматите ќе зависат од податоците во јуни

Европската централна банка и можноста за намалување на каматите

Податоците во јуни ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка за евентуалното намалување на каматните стапки, изјави директорката на ЕЦБ Кристин Лагард.  

-        Во јуни ќе ги имаме новите проекции кои ќе го покажат движењето на инфлацијата. Засега останува нашата мартовска проекција за каматните стапки, изјави Лагард, пренесува ЦНБЦ. 

ЕЦБ ќе се раководи од три критериума за одлуката на каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлацијата, динамиката на основната инфлација и силата на монетарната трансмисија, појасни Лагард во својот настап во Франкфурт. 

Претседателката на Европската централна банка верува дека трендот на намалувањето на инфлацијата во еврозоната продолжува и таа во 2024 година ќе изнесува 2,3 отсто и ќе се намали на два отсто во 2025. Во 2026 инфлацијата ќе достигне 1,9 отсто, пренесува Танјгуг.


фото wikipedia.org

 

ПРЕПОРАЧАНО