Финансии / Банкарство

ФЕД ја задржува истата референтна каматна стапка

Американската централна банка ФЕД соопшти дека за задржува референтната каматна стапка во распон од 5,25 до 5,50 отсто и најави дека ќе направи повеќекратно намалување на стапката до крајот на годинава. Федералниот комитет за отворен пазар соопшти дека ќе ја задржи стапката на ниво која се одржува од јули 2023 година, пренесе вчера ЦМБЦ.

Официјалните лица на ФЕД информираа дека нема да се менува каматната стапка, а во новите квартални прогнози предвидуваат дека ќе се засилува растот на економијата но дека инфлацијата ќе опстојува во текот на 2024 и во 2025 година. Затоа, според нив, каматните стапки мораат да останат подолго време на повисоко ниво.

Од ФЕД предвидуваат дека базната инфлација во која не влегуваат храната и енергијата и натаму ќе изнесува 2,6 отсто до крајот на 2024 година, што е над прогнозираните 2,4 отсто. Во јануари годинава базната инфлација изнесувала 2,8 отсто, пренесува „Данас“.


 фото: investopedia.com

 

ПРЕПОРАЧАНО