Финансии / Банкарство

Турција ја зголеми референтната стапка на 50 отсто

Централната банка на Турција денеска ја подигна референтната каматна стапка од 45 на 50 отсто, спротивно на најавите од минатиот месец дека каматата ќе остане на истото ниво.

-        Во февруари основниот тренд на месечната инфлација во Турција беше над  очекуваното ниво, пред се поради порастот на цените во секторот на услугите, се наведува во соопштението на Комитетот за монетарната политика на Централната банка на Турција.

Увозот на потрошни добра и на златото е успорен, што го подобри салдото на трговската сметка на Турција. Инфлаторните притисоци во земјата продолжуваат поради инфлацијата во секторот на услугите, порастот на цените на храната и геополитичките ризици.

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се зголеми на 67,07 отсто од јануарските 64,86 отсто, објави на почетокот на месецот Турскиот институт за Статистика (Туркстат). Инфлацијата во Турција е на највисоко ниво во последните 15 месеци, пренесува „Политика“.

Денеска и Швајцарската централна банка направи корекција на клучната каматна стапка и тоа ја намали за четвртина процентен поен односно на 1,5 отсто. Инфлацијата во Швајцарија се намали во февруари на ниво на 1,2 отсто. Од Централната банка на Швајцарија информираат дека на намалувањето на каматната стапка влијаело намалувањето на инфлаторните притисоци и јакнењето на франкот. 


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО