Финансии / Банкарство

Во Европската Унија се намалува бројот на традиционални банкарски работни места

Младите генерации со намалено интересирање за работа во банките

Во Европската Унија од 2008 до 2022 година бројот на вработени на традиционалните работни места во банките е намален за 22 отсто, а во истиот период бројот на нововработени во ИТ секторот растел во просек за осум отсто на годишно ниво. Оваа промена во структурата на банкарските работници е последица на дигиталната трансформација низ која поминува банкарскиот сектор.

Меѓународната консултантска компанија „Хорват“ спроведе истражување за да ги препознаат клучните предизвици со кои се соочуваат банките во процесот на дигиталната трансформација. Над 50 стручњаци и менаџери од банкарскиот сектор, како главни промени ги наведуваат брзиот развој на технологијата, зголемената побарувачка за одржливи производи и недостигот од работници поради намалениот интерес на младите генерации за работа во банкарскиот сектор, пишува Лидер медиа.  

-        Кога зборуваме за човечките ресурси, препознавме два клучни предизвика: континуиран недостиг на работници и стручњаци, како и се повисоки очекувања од постојните вработени. Неопходно е вработените да се едуцираат со новите технологии, бидејќи квалитетното дигитално корисничко искуство станува конкурентска предност. Банките треба дополнително да вложат во решенија кои ќе одговорат на потребите на клиентите, а со воведување на иновативни производи ќе ги привлечат и талентираните работници, изјави Роберт Чузела Пиљац, од консултантската куќа „Хорват“.

Трендовите покажуваат значителен раст на бројот на клиенти кои за банкарските услуги одат во банкарските шалтери, а со банките комуницираат преку дигиталните платформи. Од 2028 до 2023 година 34 отсто од сите процеси во банките биле автоматизирани, а на користењето на вештачка интелегенција се гледа како на клучна алатка за подобрување на банкарските услуги, пренесува Лидер медиа.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО