Бизнис
Среброто станува побезбедно средство за инвестирање
27.03.2024г.
Среброто станува попривлечно средство за инвестирање поради својата достапност во однос на златото, кое бележи високи берзански цени во последните месеци. Покрај пристапната цена, среброто има и поголема употребна вредност во современата индустрија посебно во зелените технологии. Очекувањата на експертите за 2024 година се дека цената на среброто ќе расте поради зголемената побарувачка од различните индустриски сектори, пишува Блумберг Адриа.
- Во текот на минатата година имаше необична појава кај златото кое достигна цена од над 2.000 долари за една унца, додека среброто стана поатрактивно и неговата цена почна да расте, Тие кои не можеа да купат од поскапото злато се одлучуваа за среброто, вели Зоран Павловиќ, економски аналитичар.
Аналитичарката за макроекономија и за пазарот на капитал Марина Петров Савиќ посочува дека среброто е индустриски метал, а забавувањето на светската економија негативно влијаеше и на неговата берзанска цена. Сепак, како што објаснува таа, цената на златото ја диктира и неговата улога на чувар на вредноста на парите, така што во 2022 и 2023 година беше повеќе барано од централните банки кои ги зголемија резервите на монетарно злато.
Цената на среброто бележи значајни осцилации, а највисока вредност достигна во 2011 година кога се продаваше за 43,75 долари за унца. Иако, има почести флуктуации на берзанската цена, некои од инветситорите гледаат на среброто како една од посигурните инвестиции во овој момент. Овој благороден метал е добар проводник и се користи за изработка на соларни панели, ветерни турбини и за компонентите за електрични возила, пренесува порталот Бизнис и финансии.
фото freepic