Бизнис
Странците сè повеќе купуваат недвижности во Србија
28.03.2024г.
Македонците купуваат куќи во Србија за нивна надградба
Странците се почесто одлучуваат да купат недвижност во Србија а најмногу се заинтересирани за станови и куќи во Белград и во Нови Сад. Во однос на 2022 година бројот на странски купувачи е зголемен за двапати и изнесува 4,81 отсто во вкупните купопродажни договори. Според податоците на Републичкиот геодетски завод на Србија, најголемиот број на купувачи има од Руската Федерација.
- Државјаните на Русија минатите години се јавуваа како изнајмувачи на станови и деловен простор, но сега се повеќе се одлучуваат и за купување на недвижнини. Меѓу купувачите има и граѓани од Украина, а од Европската Унија најголем број се од Франција и Германија. Од Земјите од опкружувањето најмногу се од Македонија. Иселениците од Србија купуваат станови и куќи како сигурна инвестиција, вели Нела Пешиќ, од агенција за недвижности, за порталот 4ѕида.
Странците најмногу се заинтересирани за станови во новите градби во Белград, а тие се помал буџет се ориентираат за недвижности во периферните населби. Русите имаат различни потреби и тие се заинтерсирани и за куќи во населбите кои се оддалечени до еден час возење од Белград. Државјаните од Македонија купуваат куќи со цел за дополнителна надградба. Има зголемен интерес од унгарски инвеститори за купување на градежни локации, пренесува Бизлаив.
фото freepic