Бизнис
Закупот на плажи во Црна Гора поскапува за 30 отсто
28.03.2024г.
Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора упати предлог до Владата на ЦГ за продолжување на постојните договори за закуп на плажите за следната сезона, но по нови цени кои за некои плажи ќе бидат повисоки за 30 отсто. Овој предлог има за цел да ги реши проблемите кои настанаа поради доцнењето на годинашниот план од управата на Морско добро, за што имаше и многу забелешки од закупувачите.
Од Здружението на закупувачите за весникот „Побједа“ изјавија дека се наоѓаат во тешка состојба, затоа што за добро стопанисување со некои плажи во летната сезона се потребни 50 до 60 работници. Одложувањето на планот за продолжување на закупот беше причина што многу работници нашле работа во други фирми, а некои заминале и на работа во Хрватска.
Закупувачите, посебно од регионот на Улињ, веќе доцнат со уредувањето на плажите, затоа што имаат само еден месец за подготовка на просторот за капење.