Бизнис
Цената на лукот во пораст поради намалениот извоз од Кина
29.03.2024г.
Од почетокот на месецот цената на лукот достигна 150 долари за тон
Извозот на лук од Кина во Европа нагло се намали и предизвика највисок раст на цените за овој зеленчук.Неповолните временски услови, високите трошоци за одгледување и намалените површини засадени со оваа културa се причините за порастот на цената кај најголемите производители во светот.
Во Европската Унија се произведуваат околу 400 илјади тони лук. На европскиот пазар се продава и лукот увезен од Кина, каде има големи штети на засеаните површини поради променливите временски услови. Од почетокот на месецот цената на лукот порасна за околу 150 долари за тон.
Во Шпанија која е голем европски производител на лукот има намалување на површините за 15 отсто во однос на претходната година.Според шпанското Национално здружение на земјоделци и трговци со лук, во последните две години намалувањето на површините е за 30 отсто. Главната причина е недостигот на вода и зголемените трошоци за производство.
Во Египет површините насадени со оваа култура се преполовени. Лукот од Шпанија и од Аргентина на големо се продава за 2,80 евра за килограм, а египетскиот по цена од 1,85 евра, пренесува „Политика“.
фото freepic