Бизнис

Промоција на книгата „Нов договор за економски развој“

29.03.2024г.

Новиот економски модел на Македонија да се потпира на пет столба

Креирање на нов модел на економски развој, кој ќе има капацитет да испорача значително повисоки стапки на економски раст е главната пораката од денешната промоција на книгата „Нов договор за економски развој“, зад која стојат авторите Бранко Азески, претседателот на Стопанскaта комора на Севeрна Македонија и универзитетскиот професор Дарко Лазаров

- Книгата повикува на постигнување широк општествен консензус на сите чинителе во државата, тргнувајќи од академската заедница, бизнис-секторот, универзитетите, медиумите и граѓанскиот сектор, и внатрешно обединување околу врвните развојни приоритети на државата во наредните 10 години. Декларацијата за економски реформи, политики и мерки што Комората ја усвои со силна поддршка од голем број на субјектите основата за градење на еден нов договор за економски развој што треба да испорача поголем економски напредок на земјата во наредните 10 години, изјави  Азески денешната промоција на кигата која се одржа во Стопанската комора на Македонија.

Лазаров на денешната промоција детално ги елаборираше клучните елементи на кои почива новиот модел на економски.

Првиот столб кој се однесува на заокружување на базичните принципи на пазарната економија и јакнење на институционалните капацитети на државата содржи неколку предлози и иницијативи: Jакнење на правосудниот систем со цел владеење на правото и неселективно почитување на законите, вели Лазаров.

Според него, клучна е и борбата со сивата економија и со корупцијата на сите нивоа со цел фер конкуренција и еднакви можности за сите. Но, и професионализација на јавната администрација и дигитализација на јавниот сектор со цел обезбедување на побрзи и поквалитетни јавни услуги за бизнисот, поедноставување на институционалните процедури и намалување на административните бариери.

Вториот столб се однесува на инвестиции во иновации и човечки капитал. Третиот столб се однесува на развиена и функционална инфраструктура и ги вклучува. Четвртиот столб се однесува на модерна индустрија и конкурентен извозен сектор и ги содржи следните предлог политики и решенија. Петтиот столб се однесува на ЕУ-интеграциите и регионалната соработка, во кој се наведуваат и предлозите на авторите на книгата.

ПРЕПОРАЧАНО