Финансии / Банкарство

Намалени барањата на компаниите од еврозоната за нови кредити

Претпријатијата во еврозоната во првиот квартал годинава драстично ги намалија барањата за нови кредити, наспроти очекувањата на финансиските институции за враќање на кредитирањето, покажува априлската анкета на Европската централна банка.

Побарувачката за станбени кредити бележи незначително намалување, а барањата за потрошувачки кредити се на стабилно ниво од почетокот на годината. Повисоките каматни стапки, помалите фиксни инвестиции за претпријатијата и намалување на довербата на граѓаните за земање на станбени кредити изврши притисок за намалувањето на побарувачката за нови кредити, се наведува во извештајот на ЕЦБ.

Во вториот квартал годинава, банките очекуваат умерено нето заострување на стандардите за одобрување кредити. Банките во еврозоната информираат за значајно позитивно влијание на одлуките на ЕЦБ за клучните каматни стапки на нивната каматна маржа во изминатите шест месеци. Меѓутоа, во следните шест месеци очекуваат влијанието на одлуките на ЕЦБ на профитабилноста на банките да се намали, објави „Нова економија“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО