Финансии / Банкарство

Хрватските граѓани сè уште поседуваат 4,44 милијарди куни

Од 1 јануари до 9 април годинава во Хрватската народна банка 22,3 милиони куни биле заменети во евра, а на 9 април во оптек сè уште биле 4,44 милијарди куни, објави агенцијата „Хина“.

Централната банка на Хрватска потсети дека покрај личното присуство при замената, постои можност и за доставување на куните за замена преку поштенски услуги до износ од 15.000 куни и тоа на лична одговорност.

- За да се избегнат непријатности на испраќачите од странство, се препорачува куните да се испратат преку осигурени пратки или граѓаните лично да дојдат во седиштето на Хрватската народна банка, порачуваат од ЦБХ.

Од 1 јануари 2024 година, банкнотите и монетите издадени во куни ќе можат да се менуваат исклучиво во Централната банка. При размената нема ограничување на износот ниту се плаќа такса за менување во евра. За банкнотите во куни нема ограничен рок за нивна замена, а монетите ќе може да се менуваат во рок од три години од датумот на воведување на еврото, односно најдоцна до 31 декември 2025 година.


фото bilten.org

 

ПРЕПОРАЧАНО