Финансии / Банкарство
ЕБРД оствари добивка од високите каматни стапки
12.04.2024г.
Европската банка за обнова и развој во 2023 година оствари добивка од 2,1 милијарди евра благодарение на растот на каматните стапки и добрите резултати на пазарот на акции.
Позитивниот резултат во минатата година е остварен од вложувања во акционерски капитал во вредност од милијарда евра. Пазарот на хартии од вредност лани беше профитабилен. Финансискиот резултат на банката е помогнат и од растот на каматните стапки, соопштија од ЕБРД.
Во 2022 година ЕБРД забележа загуба од 1,1 милијарди евра, главно поради загубите на сопственичките удели во Русија и Белорусија, објави Сеебиз.