Бизнис
Германија се соочува со недостиг на информатичари
13.04.2024г.
Без ИТ експерти Германија ја губи својата дигитална иднина
Во моментот на Германија и недостасуваат 149.000 информатичари, а доколку не се преземе соодветна политика до 2040 година на земјата ќе и бидат потребни 663.000 ИТ експерти. Германските претпријатија имаат потреба од програмери, систем администратори и други ИТ профили. Претседателот на здружението „Битком“ Ралф Винтергерст вели дека има и многу непополнети ИТ работни места во администрацијата, училиштата и научните институции.
- Овој недостиг на ИТ работници се зголемува со години и влијае на целата земја и го одложува процесот на дигитализација. Зголемување на јазот меѓу познавањето на ИТ вештините значи намалување на конкурентноста и на создавање на додатна вредност, на растот и просперитетот на земјата. Без ИТ експерти Германија ја губи својата дигитална иднина, изјави Винтергерст.
Околу 108.000 квалификувани работници може да се појават на пазарот на труд со зголемување на бројот на студентите на факултетите за информатика, а посебно со привлекување на женската популација во информатичкиот сектор. Се предлага и воведување на повеќе часови во наставата за информатика во цела Германија. Дополнителна мерка би била и да се задржат постарите вработени лица над старосната граница за пензионирање. Ова ќе придонесе за намалување на бројот на потребни ИТ работници за 68 илјади, пренесува „Бизнислаив“.
фото freepic