Финансии / Банкарство

Германците се помалку заинтересирани за потрошувачки кредити

Побарувачката за потрошувачки кредити во Германија минатата година е намалена за 7,3 отсто  на годишно ниво, објави здружението на банкари БФАЦХ. Падот на одобрените  кредити е резултат на порастот на трошоците на живот и намалената потрошувачка на германските граѓани, пренесе агенцијата ДПА.

Банките во Германија минатата година одобриле потрошувачки кредити во вредност од 52,7 милијарди евра. Најмногу се намалени барањата за кредитите во готово, а помалку за кредитите за купување н автомобили. Најголем раст за потрошувачките кридити  има за купување на возила за деловни потреби,  со зголемување од 12,3 отсто во однос на минатата година.

Вкупната вредност на сите банкарски кредити  во 2023 година во Германија достигна 127,3 милијарди евра, што е намалување од 0,5 отсто од 2022 година.

-       Ако се гледаат економските услови и неповолната потрошувачка клима ова е задоволитетелен резултат, изјави Кристиан Рубен, претседателот на управниот одбор на БФАЦХ, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО