Финансии / Банкарство

Во Германија има се помалку банкомати

Германските потрошувачи користат нов начин на плаќање во продавниците

Вкупниот обем на плаќање во готово во Германија минатата година се зголемил за 20 отсто и достигна вредност од 12,31 милијарди евра. Кај германските граѓани станува популарен новиот начин на плаќање, така што купувачот го плаќа производот со картичка а потоа бара од касиерот во продавницата да му се исплати одредена сума евра во готовина. Оваа сума се додава на фискалната сметка и се симнува од банкарската сметка на потрошувачот, пренесува весникот „Феникс“.

Според истражувањата на пазарот на ЕХИ, максималниот износ кој може да се подигне е најчесто 200 евра.

-       Ова е поволно за купувачите, бидејќи заштедуваат на време за одење до најблискиот банкомат. Оваа појава е се помасовна, затоа што банките ги намалиле бројот на банкоматите, изјави авторот на истражувањето Хорст Рутер.

Меѓу компаниите кои го одобруваат овој начин на плаќање се познати компании за малодпродажба, аптеки,  продавници за козметички производи, некои продавници за градежен материјал, кои на купувачите им „исплатуваат“ повеќе од 13 отсто од остварениот промет. Поради оваа навика на германските купувачи растат и надоместоците на компаниите кои ги плаќаат на банките. Според податоците на ЕХИ, овој надомест изнесува меѓу 0,1 и 0,2 отсто од сумата која се плаќа по извршената трансакција. Малопродажните фирми минатата година платиле 17,23 милиони евра, или 25,7 отсто повеќе од 2022 година, објави Н1.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО