Финансии / Банкарство
ММФ со предупредување до Египет за прекумерното позајмување
28.04.2024г.
Египетската влада се обврза дека ќе ги реши загубите поради прекорачувањето на зацртаните издавања на позајмици од централната банка, пред се за активности во вонбуџесткиот јавен сектор, соопштија од Монетарниот монетарен фонд (ММФ).
Од ММФ истакнуваат дека Египет почна со заострување на монетарната политика, а за таа цел премина на режим на флексибилен девизен курс и либерализиран систем на размена, пренесува „Ројтерс“.
Одборот на ММФ на 29 март годинава ја одобри програмата за финансиска поддршка на Египет во износ од осум милијарди долари.
Годишната стапка на инфлација во Египет забави во март на 33,3 отсто во однос на 35,7 отсто во февруари, објави египетската агенција за статистика ЦАМПАС. Централната банка на Египет на 6 март дозволи промена вредноста на националната валута и еден долар сега се разменува за 50 египетски фунти. Претходно еден долар се разменуваше за 30,85 египетски фунти.