Финансии / Банкарство
Лондон се соочува со сериозна конкуренција на пазарот на капитал
01.05.2024г.
Лондон кој е важен финансиски центар во светот се соочува со сериозна конкуренција на пазарот на капитал. Меѓу неговите главни конкуренти се Њујорк, Париз и Амстердам. Вредноста на странските вложувања во финансискиот сектор во Велика Британија на крајот на 2023 година изнесувала околу милијарда фунти или 1,17 милијарди евра. Оваа сума на финансиските инвестиции е преполовена во однос на 2022 година кога изнесувале две милијарди фунти, објави „Ројтерс“.
Финансиската позиција на Лондон беше разнишана со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Во 2023 година САД имале најголемо учество (со 40 отсто) во целокупните инвестиции во Велика Британија кои финансирале вкупно 222 проекти и отвориле речиси седум илјади работни места.
Главните носители на активностите во лондонскиот финансиски центар сметаат дека значителниот пад на инвестициите во 2023 година е последица на тешката економска состојба и неповолното расположение кај инвеститорите. Британските финансиски компании се залагаат за нов стратегиски пристап за привлекување на странските инвестиции, пренесува „Политика“.
фото freepic