Економија

Франција станува европски центар за странските инвестиции

Франција стана европски центар за странските вложувања и во пет последователни години, се наоѓа се наоѓа пред Германија и Велика Британија, покажува новото истражување на глобалната организација Ернст и Јанг.

Во 2023 година во Франција биле финансирани 1.194 проекти со странски инвестиции или пет отсто помалку во однос на 2022 година, но таа останува европски лидер во привлекување на инвестициите, пренесува „Евроњуз“.

На ниво на Европа инсветициските проекти се намалени за 4 отсто, додека кај Велика Британија  има намалување од 6 отсто, а во Германија од 12 отсто. Во Велика Британија со странски директни инвестиции се финансирани 985 проекти, а во Германија 733. Овие три земји привлекле 51 отсто од странските директни инвестиции на европскиот континент.

Во извештајот на Ернст и Јанг се наведуваат добрите перформанси на Франција кои се резултат на успешните реформи во последните десет години.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано