Економија

САД станува главен трговски партнер на Германија

Соединетите Американски Држави во првиот квартал во 2024 година стана главен трговски партнер на Германија и ја престигна Кина. Вкупната вредност на трговијата меѓу Германија и САД  во овој период изнесувала 63 милијарди евра. Трговската размена меѓу Германија и Кина изнесувала 60 милијарди евра, пренесува „Ројтерс“.

Кина осум години беше главен трговски поартнер на Германија, а трговската размена меѓу двете земји во 2023 година изнесуваше 253 милијарди евра.

Економистот во Комерцбанка Винсент Штрамер вели дека германскиот извоз во САД дополнително порасна поради силата на американската економија, додека во првиот квартал годинава е забележан пад на трговската размена со Кина. 

-       Кина напредува во производстството на посложени производи кои порано ги увезуваше од Германија, објаснува Штрамер.

Германија се обидува да ја намали својата зависност од Кина поради постоење на глобални геополитички ризици, а Берлин минатата година го обвини Пекинг дека спроведува „нефер трговска практика“.

Германскиот увоз на производи од Кина падна за 12 отсто во првиот квартал 2024 година, а германскиот извоз во Кина е намален за еден отсто, изјави Јирген Матес претставникот на Германскиот економски институт.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано