Финансии / Банкарство
Долгот на Црна Гора од 700 милиони достигна четири милијарди евра
21.05.2024
Јавниот долг на Црна Гора од 2006 година од 700 милиони се зголемил на четири милијарди евра во 2024 година. Во 2006 година, кога е прогласена независноста на државата, долгот на Црна Гора, без задолжувањата на јавните претпријатија, изнесувал 701,1 милион евра. Од нив 197 милиони евра биле внатрешен долг или 28,1 отсто, а надворешното задолжување изнесувало 504 милион евра, односно 71,9 отсто.
До 2017 јавниот долг на ЦГ се зголемил на 2,758 милијарди евра, а веќе наредната година се искачил на 3,93 милијарди евра. Во 2020 година долгот надминал 4,4 милијарди евра, пренесуваат „Независне новине“.
Прво намалување на јавниот долг има во 2021 година, кога Црна Гора должела 4,163 милијарди евра. Во 2022 година долгот се намалил на 4,1 милијарди евра.
На крајот на минатата година јавниот долг на Црна Гора изнесувал 4,12 милијарди евра, односно 60,24 отсто од бруто домашниот производ.
фото freepic