Финансии / Банкарство
Референтната каматна стапка во Турција остана на 50 отсто
23.05.2024
Централната банка на Турција одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто. Основниот тренд на месечната инфлација во април е благо забавен, но продолжуваат притисоците за инфлација поради цените во секторот услуги, растот на цената на храната и геополитичките ризици, се наведува во соопштението на Комитетот за монетарна политика во Централната банка на Турција.
Од Комитетот за монетарна политика ќе продолжат да ги следат индикаторите за инфлацијата и ќе ги искористат сите инструменти за остварување на главната цел, а тоа е стабилноста на цените.
Потпретседателот на Турција Џевдед Јилмаз и министерот за финансии Мехмет Шимшек во мај ги претставија мерките за штедење со кои треба да се зголеми ефикасноста во јавниот сектор на Турција и ќе влијаат на намалување на високата инфлација.
Годишната стапка на инфлација во Турција во април годинава се зголеми на 69,8 отсто во однос на март кога изнесуваше 68,5 отсто, објави Турскиот институт за статистика Туркстат.
фото freepic